Си бил некогаш еден цар. Се си имал и живеел мирно и среќно. Но еден ден на неговото царство се натрупале многу беди. Настапила страшна суша која ги опустошила сите посеви, а веднаш потоа друг владетел го нападнал царството и го презел. Почнала епидемија во која загинало целото царско семејство и половина од населението на царството. Војниците на соседниот цар го нападнале главниот град и убиле останатите.
Тогаш царот разбрал дека треба да се спасува и побегнал кон соседните земји каде што царот му бил пријател. Стигнал да престолнината на царството и побарал да се види со владетелот, и им рекол на стражарите дека е негов пријател. Но војниците не му поверувале, кога му ја виделе скинатата облека и гоизбркале.
Потребно му била една година да работи што ќе најде, да живее во беда и да се бори за опстанок. Конечно успеал да собере малку пари, за да се облече пристојно и повторно се појавил кај царот.
Кога неговиот пријател го прифатил, тој му раскажал за сите негови катастрофа и несреќи и го замолил за поддршка. Но за негово големо разочарување, царот му дал 100 овци и го испратил.
Огорчен и разочаран лошиот цар сепак почнал да ги пасе овците – немал подобра алтернатива. За една година, овците му биле изедени од волци и тој отишол пак да моли за помош. Овој пат му дал 50 овци. За некое време стадото му пропаднало во провалија и тој повторно ги изгубил сите овци.
Отишол трет пат кај царот и тогаш тој му дал 25 овци.
Почнал несреќниот цар речиси од нула. Ги пасел овците, но постепено стадото почнало да му се шири и по некое време се намножија до 1000 овци. Тогаш тој повторно отишол кај својот пријател, но овој пат, за да му се пофали.
И неочекувано и за него самиот, царот наредил да му го дадат соседното царство.
– Но, зошто не го стори тоа веднаш, уште кога дојдов прв пат кај тебе за помош? – прашал изненаден – Зошто мораше да ми даваш овци? Зошто не ми го даде царството тогаш ?!
– Затоа од него немаше да остане камен на камен. – одговорил мудрецот му пријател. – Јас само почекав додека заврши црниот период од твојот живот. Сега веќе гледам дека дошла следната фаза од твојата судбина. А овците беа само показател …
Па, препознавате ли некои периоди од својот живот? Сите зла на светот како да се истуриле една по друга – болести, загуби, разочарувања, неуспеси, пак загуби … се чувствувате како во кал – со секој чекор се повеќе заглавени.
И почнувате да мислите дека светот е против вас, дека Господ ве заборавил…
Оваа приказна не потсетува дека всушност не треба да бараме којзнае какви длабоки причини за црните периоди во животот. Едноставно има такви. Некои се подолги и болни. Други минуваат брзо. Но секогаш поминуваат.
И не треба да се гневиме на судбината, бидејќи можеби таа, како и мудриот цар, кој давал сè помалку овци на својот пријател, ни доделила малку парчиња среќа и просперитет додека сме во овој период, за да не заштити од повеќе големи загуби.
Најважно е да имаме трпение и да не паднеме во очај и тага. Да почекаме трпеливо да се разотидат облаците. А кога небото ќе се разведри и повторно ќе изгрее сонцето, да не заборавиме дека “и тоа ќе помине”.
Taков е животот.