Еден татко многу напорно работел за да донесе парче леб дома за неговата жена и три деца. Сите вечери ги поминувал посетувајќи часови на училиште надевајќи еден ден да добие подобра работа.Освен во Неделите,таткото ретко имал заеднички оброк со своето семејство.Тој многу работел и студирал бидејќи сакал да му го овозможи на своето семејството најдоброто кое што може со пари да се купи.
Кога и да се пожалеше семејството дека не поминува доволно време со нив,тој се правдаше дека сето тоа го прави за нив, иако понекогаш настојуваше да помине повеќе време со нив.
Дојде денот кога резултатите од испитите беа објавени,и на негова радост,таткото положил.Наскоро, му понудија подобра работа која беше добро платена.
Како да му се остварил сонот,сега таткото може да му овозможи на сенмејството повеќе луксуз, поубава облека ,подобра храна и патувања во странство.
Сепак,семејството се уште не можеше да го гледа таткото почесто во неделата.Тој продолжи да работи многу напорно надевајќи се да го унапредат во менаџер. Всушност,за да стане добар кандидат за таа позиција,тој работеше понапорно и се запиша на нов курс за таа цел.
И повторно,кога семејството ќе се пожалеше дека не поминува доволно време со нив,тој се изговараше дека сето тоа го прави за нив и настојуваше да помине повеќе време со нив.
Напорната работа на таткото се исплатеше и го унапредиоја во менаџер.Наскоро,тој најми слугинка дома за да ја ослободи својата жена од домашните работи.Бидејќи станот стана мал за нив,се преселија во поголема куќа.Искусувајќи ги наградите од неговата напорна работа,таткото посака да учи повторно и да биде унапреден повторно.Неговото семејство се уште не можеше да го види него доволно.Понекогаш,тој работеше и во Неделите,забавувајќи ги клиентите. Повторно,кога неговото семејство ќе се пожалеше дека не поминува доволно време со нив,тој се изговараше дека сето ова го прави за нив, но често настојуваше да помине време со нив.
Како што се очекуваше,напорната работа на таткото се исплатеше ио тој повторно беше унапреден.Тој купи голема куќа на брегот на морето.Првата неделна вечер, во новиот дом, таткото му изјави на своето семејство дека донел одлука повеќе да не зема никакви курсеви и да не бара повеќе никакви унапредувања,со цел отсега натаму да му се посвети на своето семејство.
Таткото не се разбуди наредниот ден.