Еден ден мажот и жената одлучиле на никому да не отвораат врата.
Утрото ги разбудило ѕвоното на вратата.
Погледнале низ шпиунката – родителите на мажот.
-Нема да отвориме врата – решиле тие.Родителите си отишле.
По некое време повторно заѕвонило ѕвоното на вратата.
Погледнале – родителите на жената.
Решиле повторно да не отвораат врата, но жената се расплакала.
На мажот му станало жал и ја отвориле вратата.
Времето поминувало…Имале четири сина и потоа добиле петто дете – ќерка.
Сопругот направил голема гозба во чест на родената ќерка.
Пријателите го прашале:“Зошто толку се радуваш?
Толку не се радуваше кога ти се раѓаа синовите.“
Тој се насмеал и одговорил:
“Се роди онаа која секогаш ќе ми отвора врата…“