Молитва за душевен мир и спокојство!

Читај ја често. Нека остане во твоето срце. Нека ти ја смири душата …

Господи,
Дај ми мир
Да ги прифатам работите кои не можам да ги променам,
Храброст да ги променам оние кои можам да ги сменам,
И мудрост да ја видам разликата помеѓу нив …

Подари ми трпение
За работите кои бараат време,
Благодарност за сето она што веќе го имам,
И толеранција кон луѓето со различни проблеми …

Дај ми слобода
Да живеам надвор од ограничувањата на своето минато,
Способност да ја чувствувам Твојата љубов кон мене
И великодушно да ја давам мојата љубов кон Тебе и сите останати …

И Те молам  благослови ме
Со сила за  да станам и да продолжам повторно,
Дури тогаш кога ми се чини дека тоа е невозможно …

Амин

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *