Нејзиното име е Депресија. Позната е под многу други имиња. Таа е подмолна по природа и влегува во животот без предупредување, често непоканета. Ако не биде надмината навреме, нејзината сила расте и е способна да ве стави на колена, да ве упропасти. Таа ви ги менува мислите , ве тера да престанете да верувате во животот и во себе.
Но, постојат неколку работи кои ја слабеат нејзина моќ . Постојат неколку работи кои депресијата ги мрази од сета душа. Еве кои се тие:
1. Кругот на поддршка – Кога се јавувате на вашиот круг на поддршка како пријателите и членовите на семејството, Депресијата започнува да трепери од страв. За да ја победите треба не се изолирате. Тоа, од своја страна, го прави нејзиното присуство понезабележително и влијанието нејзино е помало.
2. Физичка активност – Кога сте ангажирани со каква и да е физичка активност, вие ја спречувате депресијата да ви го заземе како телото, така и умот. Една од работите што ја оттурнува од вас е вашата посветеност со грижи за вас самите, особено за време на стресни моменти.
3. Приемот – Кога ги прифаќаме различните делови на вашиот живот, вклучувајќи ги и посетите и присуството на Депресијата во него, можеме, иако звучи парадоксално, да ги намалиме нејзините посети. Она од што ни е страв, може да управува со нас, но она за што наоѓаме сили да се спротивставиме, можеме да го контролираме и неутрализираме.
4. Вниманието – Ако живеете живот, во кој вниманието и фокусот ви се во вистинската насока, Депресијата нема да има можност да ја искористи приликата во главита и да ве натера да размислувате и да се свртите во минатото. Вистинскиот фокус ја лишува од нејзините најсилни оружја: вина, срам и страв!
5. Среќата – Кога правите свесен избор да имате среќен ден, вие и објавувате неуспех на депресијата. Едноставно кажано, кога ќе одлучите да изберете како ќе го поминете денот, таа почнува да се топи како снег на сонце .
6. Смеата – Таа ги мрази моментите кога се смеете! Секој пат кога ќе гледате забавен филм или читате некој виц,таа се гневи!
7. Здрава исхрана – Кога го негувате своето тело Депресијата запаѓа во меланхолија, бидејќи за неа нема ништо неподносливо од човек кој се сака себе и ги вложува потребните напори да биде здрав и да се чувствува добро.
Има уште многу работи кои Депресијата не ги толерира. Но запомнете едно, таа дебне на аголот и чека погоден момент да нападне во вашиот живот. Од вас зависи да не и го дозволите тоа.