Се се може кога се сака!
Тешко е да се замисли дека жена без градежно искуство би можела да изгради куќа на два спрата со пет соби само со гледање упатства на YouTube. Cara Brookins и нејзините четири деца се жив доказ дека и тоа е можно ако се сака.
Нејзиниот најстар син Drew и помогнал на мајка му да го изработи нацртот на куќата и да добие од страна на градот за изградба, нејзината една ќерка носела вода од рибникот на соседите и мешала бетон за темелите, додека нејзината друга ќерка правела храна за сите нив.
Така успеала да изгради куќа за себе и своите деца за само девет месеци работа. Поминале низ се: од копање темели до ѕидање ѕидови на куќата.
Кога дошле на преглед за куќата инспекторите биле изненадени како се било изработено професионално не верувајќи дека тоа го изградила една мајка без никакво знаење од градежништвото.
Нивниот дом има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два спрата. Денес куќата вреди пола милион долари.
извор. новиживот.нет