Еден ден мудрецот го однел својот ученик во парк, лоциран во подножјето на шумата. Во паркот имало лавиринт со високи и мазни ѕидови, кои се осветлувале од сончевите зраци.
Учителот го придружувал ученикот до влезот и му поставил задача да го открие сам излезот. Тој скитал во лавиринтот цел ден и цела ноќ, но неговите напори биле залудни. Бил во ќор-сокак. Очајно се обидувал да најде излез. Конечно од исцрпеност поседнал на земјата и заспал.
Кога ги отворил очите, го видел пред себе наставникот.
– Следи ме – рекол тој.
Излегле од лавиринтот и без вртење, наставникот тргнал низ шумата. Кога стигнале на највисокото место на ридот, тој му рекол на ученикот:
– Гледај надолу!
Од местото на кое се наоѓале, се гледал целиот лавиринт.
– Гледајќи од тука, можеш ли да го најдеш излезот од лавиринтот? – прашал учителот.
– Да, и тоа лесно – рекол ученикот. – Треба само да го набљудувам внимателно некое време.
– Добро, тогаш најди го и запамети го добро – рекол учителот.
Потоа тргнале назад низ шумата. Ученикот повторно влегол во лавиринтот, но овој пат го нашол излезот многу брзо, без да се загуби ниту еднаш.
– Лекцијата, која штотуку ја доби е меѓу најважните тајни од уметноста на животот – рекол мудрецот,чекајќи го на излезот. – Колку повеќе се оддалечуваш од одредена ситуација и одвисоко ја погледнеш, толку појасно и поцелосно ќе ја видиш. Така многу побрзо и полесно ќе можеш да го најдеш излезот од неа.