Шокантни фотографии кои кружат на интернет покажуваат дека Јемен е место над кое се надвила смртта и во кое најмногу страдаат невините, поточно децата.
Сред жестоката граѓанска војна и кој го турна најсиромашниот народ во арапскиот свет кон работ на гладта, состојбата со денови е се полоша.
370.000 деца во Јемен живеат во таканаречен “гладен дистрикт” кој се протега помеѓу градовите Hodeidah i Mokа.
Јеменскиот конфликт ја доведе земјата на работ на целосна катастрофа.
Децата секој ден умираат од глад, нивниот имунолошки систем не еспособен да с еодбрани дури и од обичен пролив или температура.
А освен храна, немаат ниту лекови со кои би се лечеле.
За жал, главните стожери на конфликтот – Саудиска Арабија и Иран – не делуваат подготвено да ја прекинат војната која досега однесе најмалку 10.000 животи,а во бегство се повеќе од 2,5 милиони луѓе.
Екипата на “BBC” беше во посета на најзагрозените делови и на лице место забележале шокантни призори на изумирање на скоро една цела генерација на деца во Јемен.
UNICEF проценува дека 370.000 деца на кои им е уништен имунолошкиот систем поради потхранетост и до кои помошта воопшто не стигнува.
извор.новиживот.нет