Психолозите велат дека карактерот на детето се обликува додека е мало.
Во тој период влијанието на родителите врз детето е најголемо. Тогаш тоа е како сунѓер кој прима и добро и зло. Од родителите зависат многу работи кои подоцна се одразуваат врз неговиот живот. Најважно нешто кое секој родител може да го направи за своето дете е да верува во него.
Овие нешта треба да да ги преземе секој родител за неговото дете да стане успешен човек со интегритет:
- Да му влее самодоверба. Многу е важно детето да се здобие со самодоверба уште од мали нозе. Подоцна ќе може многу полесно да ги надмине сите препреки во животот. Самодовербата е отскочна даска која подоцна помага во сите области од животот.
- Да го насочи. Детето уште од мали нозе добро е да биде насочено. Да знае што треба да прави, а што не. Да знае како да ги подобри некои работи, или да ги исправи ако згреши. Да знае кои работи се добри за него и да ги прифати такви какви што се. Да знае на што да внимава а на што да се посвети.
- Да му покаже дека е сакано. Саканите деца се среќни деца. Децата кои растат во семејство полно со љубов израснуваат во стабилни деца со цврст карактер. Полесно се борат со искушенијата и знаат дека имаат морална поддршка од своите родители.
- Да го научи само да размислува. Многу е важно детето да може да научи само да размислува и да донесува добри одлуки уште додека е мало. Сето тоа како бумеранг ќе му се врати подоцна во животот. Тоа уште од самото раѓање е своја личност и сака да донесува свои одлуки, но добро е тие да бидат корисни за него и за другите.