20 БИСЕРИ на источната мудрост!

1. Дијамантот,ако падне во калта, останува дијамант. А прашината, дури и да се издигнува на небесата, останува прав.

2. Мудрата жена додава шеќер кон сè што зборува на мажот, и ја отстранува солта од неговите зборови кон неа.

3. Пази ги луѓето, со кои по средбата во душата ти се раѓа нешто светло и радосно.

4. Зборови кои се изнудени од срцето, паѓаат токму во срцето, а оние кои се изнудени од јазикот, не стигнуваат подалеку од ушите.

5. Премолчаниот збор е твој роб, испуштениот – твој господар.

6. Смртта е стрела што лета кон тебе, а животот – оној миг, пред да те достигнала.

7. Победата над слабиот многу личи на пораз.

8. Најголема несреќа е да зависиш од луѓе кои немаат срце.

9. Секогаш гледај на работите од светлата страна а ако нема таква – осветли ја темната додека не блесне.

10. Вистински пријател е оној кој ги трга камењата и трњето од твојот пат.

11. Наутро, кога сонцето изгрева, дозволи му да влезе во тебе.

12. Има убавина, над која годините немаат власт – убавината на срцето.

13. Советувај се со со илјадници луѓе, а тајните откриј ги само пред еден.

14. Оној кој прснува во плач, не може да има црно срце.

15. Секое нешто има свое зајдисонце и свој крај, само ноќта завршува со изгрејсонце.

16. Човекот има еден јазик и две уши, за да слуша повеќе и да зборува помалку.

17. Богатиот може да си го купи најскапиот самурајски меч, но не може да си купи срце на самурај.

18. Пријателот се познава во неволја, херој – во жестока битка, жената – во катастрофа, а душата – во молитвата.

19. Кога немаш внатрешен непријател, надворешниот не може да те рани.

20. Ако можеш да помогнеш на човек – помогни ако не можеш – помоли се за него. Ако не умееш да се молиш – помисли му добро. И тоа ќе биде помош, бидејќи светлите мисли исто така се оружје.

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *