Магнезиумот е минерал со многубројни функции во нашето тело. Негов најчест извор се растителните продукти, и со правилна и балансирана исхрана лесно може да ги задоволиме дневните потреби од магнезиум. Тој учествува во синтеза на над 300 ензими во човековото тело, овозможува нормална функција на нервниот систем и нормална мускулна активност, ја оддржува и подобрува работата на имуниот систем, поддржува нормален срцев ритам, ги одржува коските во добро здравје, ја помага регулацијата на крвниот шеќер и ја помага продукцијата на енергија. Со оглед на тоа дека овој минерал е од особена важност за нашето здравје и за правилно функцонирање на нашето тело добро е да знаете која храна треба да ја јадете за да внесувате доволно магнезиум во вашето тело.
- Спанаќ Во 100гр свеж спанаќ се содржат околу 80мг магнезиум што задоволува дури 20% од вкупните дневни потреби на вашето тело за магнезиум.
- Блитва По содржина на магнезиум и блитвата е скоро на исто ниво со спанаќот бидејќи и во 100гр блитва се содржат околу 80мг магнезиум, и исто и оваа количина на блитва задоволува 20% од дневните потреби за магнезиум, што значи дека ако во еден ден изедеме околу 500гр блитва и спанаќ комплетно ќе ги задоволиме дневните потреби од магнезиум.
- Семки од тиква Во 100гр семки од тиква се содржат околу 260мг магнезиум што задоволува околу 65% од дневните потреби за магнезиум, што значи дека секојдневна консумација и на мали количини на семки од тиква претставува добар начин за внесување на потребните количини на магнезиум преку исхраната.
- Бадеми Во 100гр бадеми има околу 270мг магнезиум што значи дека тие содржат слично количество на магнезиум како и семките од тиква и исто така претставуваат одличен извор на овој минерал.
- Леќа Во 100гр леќа се содржат околу 120мг магнезиум што задоволува околу 30% од дневните потреби за магнезиум.
Одговара: Нутриционист Маја Велковска