Единствен лек за здраво срце и мозок кој вистински работи: Бесплатен, достапен за сите, и плус подмладува!

Во овој момент, ритамот на вашето срце и мозок се синхронизира, создавајќи состојба која научниците ја нарекуваат кохеренција.

Постои едноставен, ефтин и достапен за сите лек за подмладување. И сите го носите секогаш со себе!

Станува збор за благодарноста, длабока и искрена емоција која им помага на вашиот мозок, срце и на целиот организам да остане здрав.

Имено, истражувањето кое го спровеле научниците од институтот HeartMath (IHM), еден од водечките институти кои ја проучуваат психологијата на емоциите, докажало дека вистинското чувство на благодарност делува на организмот како непресушен лек.

Секој пат кога сте благодарни, кога искрено ќе ги пофалите туѓите достигнувања и кога позитивно размислувате, ритамот на вашето срце и мозок се синхронизира, создавајќи состојба која научниците ја нарекуваат кохеренција.

Кохеренцијата може да се измери со помош на софистицирана опрема која покажува точна интеракција помеѓу срцето, мозокот и нервниот систем.Истражувањето покажало дека благодарноста го зголемува производството на хормонот DHEA, кој уште се нарекува и “хормон на младоста”, бидејќи го спречува стареењето.

Благодарение на благодарноста размислувате појасно. Мозокот поквалитетно ги обработува информациите и ги зголемува своите капацитети. Работата на срцето се нормализира, нивото на стрес се намалува а позитивното размислување ги брише трагите од стресот, лутината и фрустрациите.

Благодарноста е дар кој се умножува – ако често ја чувствувате, таа ќе привлече и други позитивни емоции, покажува истражувањето на Универзитетот во Мајами.

Така ќе го подобрите и својот имунитет. Кога чувствувате благодарност, во телото се зголемува нивото на антитела кои се главни заштитници од вируси, лоши бактерии и други патогени.

Поради сето тоа, бидете благодарни секој ден. Секој може да пронајде барем една причина поради која може да биде благодарен. Ќе ви возвратат не само и другите туку и вашиот организам, и тоа на најдобар можен начин.

 

 

izvor:stil-kurir

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *