Исус им рекол на своите ученици: “Полињата се бели, спремни за жетва.“Жетвата е собирање души во последните денови, а законот на жетвата е дека колку се деновите помрачни, толку жетвата е позрела. Токму сега многу души надекаде низ светот се зрели за жетва.
Но во овие последни денови има и друга жетва.
Бог за последното време ни кажува каква жетва доаѓа во нашето време: жетва на зрела верба во срцата на неговиот народ. Бог сака тестирани, искушувани луѓе кои ќе се издигнат над сите страдања и неволји и ќе изјават: “Се надевам на мојот Бог.“
Исус не очекува многу вера од луѓето на овој свет.Тој гласно прашал: “Ќе најдам ли вера на Земјата кога ќе се вратам?“ Но сепак Бог ветува дека својата добрина ја “ чува за оние….кои се надеваат на Него“ (Псалм 31,20)
Давид во псалмите рекол: “Запознав многу неволји, многу страдања, финансиски потреби, тага за смртта на љубените, оговарање на оние кои ги сакав и кои се свртеа против мене. Ја познавам болката. Имаше време кога мислев дека немам надеж. Време на искушенија. Време на плачење додека солзите не ми пресушија.”
Некои од моите трпенија беа самонаметнати предизвикани од незнаење или лудост. Но сега храбро можам да посведочам. Бог никогаш не ме изневерил. Низ сите неволји, болка и трпение излегов со радост и силна потпора во добрината и верноста Господова. Тука есведоштвото кое сака да го слушне од своите искушувани деца : “Веселете се во Господ и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте со чисти срца.“ (Псалм 32,11)
Да се радуваме во верноста Божја.
извор.новиживот.нет