Потребни ви се:
1 замрзната банана
1 лажица какао
1 лажица путер од кикирики
Малку екстракт од ванила и малку сол
Подготовка:
Смрзнатата банана оставете ја 10 тина минути на собна температура па излупете ја. Измешајте ги сите состојки и блендирајте со рачен блендер додека смесата не се хомогенизира. Сладоледот е готов откако ќе изблендирате, и не треба повторно да се замрзнува туку веднаш се консумира.
Автор: Нутриционист Маја Велковска