Молитва на сираче: Боже знам дека Ти сигурно ме сакаш….

Ти благодарам што денес имав покрив над главата, многумина немаат, па затоа Ти благодарам!

Ти благодарам што  денес тетката се грижеше за мене, што ме гушка кога плачам. Убаво е да имаш рамо да се потпреш кога си тажен и знам дека многу немаат и затоа Ти благодарам.

Драг Господе, и денес беше еден пар тука, гледаше деца, ние се смеевме како на излог, се надевавме дека можеби…но, нема врска, многу пати помислував дека ќе ме изберат баш мене, но ништо, не грижи се, знам дека има многу деца кои се во полоша ситуација, па ти благодарам што не сум на нивно место…помогни им да ги најдат мама и тато.

И Господе денес ги слушнав случајно како разговараат дека сакаат свое дете. Таа рече дека се распрашала во болница каде се раѓаат деца од епрувета, мора да е многу интересно таму…

Рече дека сака свое дете. Тој ја погледна нејзе, па нас. Можеби ако не беше толку голем, ќе заплачеше.  Жал ми е што му е тешко. А зошто таа сака само свое дете, па зар не сме сите ние твои деца Господе? Па зар така и јас не можам да бидам нејзино дете?

Јас немам никого, никој нема право на мене освен Тебе, Боже, тогаш зошто таа мисли дека не можам да бидам нејзино дете? Зар таа не сака деца како мене? Може не можам да бидам нејзино дете бидејќи ја немам вистинската боја на косата или едноставно се плаши дека нема да бидам добар како нејзиното дете од епрувета…ќе мора повеќе да се потрудам и можеби ќе ме забележи…

Но сепак Господе, знам дека ти сигурно ме сакаш. Ме сака и нашата тетка, ќе ме сака некогаш и “мама“ која ќе има место во срцето за мене…таа која ќе знае дека јас сепак не барам многу.Овде имам многу квадрати и многу тетки но јас би сакал Господе, малку квадрати , но само една мајка и татко…не знам дали имам право тоа да го барам, но зато ти благодарам и те молам, ти благодараш што живеам, бидејќи еднаш ми рекоа дека можеле да ме замрзнат, а јас не го сакам ладното, па ти благодарам Боже на срцето кое ме грееше пред да се родам, иако не го запознав…

извор.новиживот.нет

2 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *