Кога луѓето ќе те повредат понекогаш полесно е само да си заминете и да не се вртите назад. Понекогаш не сакаме да ги средиме работите и да опростиме.
Без разлика колку и да тврдиме дека сме силни, постапките на другите можат да не заболат до срце. Понекогаш луѓето се преправаат дека постапките на другите не влијаат на нив, но понекогаш навистина знаат да болат.
Не можете да контролирате што прават тие, но можете да ја контролирате вашата реакција на нив.
Па како излегувате на крај со оние кои ве навредиле, понижиле или повредиле: НЕкои може да одговорат: Не излегувам на крај воопшто!
Но понекогаш не е толку едноставно. Понекогаш ако тоа е родител, сопруг или некој друг кој не можете да го исфрлите од животот така лесно!
Верувале или не, секогаш има начин да излезете на крај со луѓето кои ве повредиле. Може не се најдобри, но простувањето секогаш е клучно.
5 Нешта Да Направите Кога Луѓето Ќе Ве Повредат :
1. Кажете им
Понекогаш луѓето не се свесни колку можат да ве повредат со своите зборови или постапки. Најважно е да можете да им до дадете до знаење т.е да се изјасните како се чувствувате. Само така ќе знаат каква штета направиле и доколку сакаат ќе се потрудат да ја поправат.
2. Разберете дека не е до вас, до нив е
Запомнете дека секогаш има некој кој кажува убави работи за вас и на кој му се допаѓате и некој кој ве мрази и кој зборува лоши работи за вас. Има милион луѓе кои ве сакаат, зошто да се фокусирате на таа една личност која не ве сака?
3. Не се одмаздувајте
Одмаздата е Моја, вели Бог.
Не се одмаздувајте за тоа што ви го направиле.
Кога реагирате лошо вие им давате моќ и вашиот карактер се менува на лошо. НЕ дозволувајте нечија драма или негативност да ве одвлече од Божјата намера да бидете тоа што треба да бидете.
4. Простете
R. Brault еднаш рекол, “Животот станува полесен кога ќе научите да го прифатите извинувањето кое никогаш не сте го добиле..”
Понекогаш треба да им простиме дури и кога не им е жал.
Животот ионака е комплициран без да се трудите да сфатите зошто некоја личност ве понижува, ве навредува и користи ниски удари да ве повреди.
Кога некој ќе ве повреди тешко е да простите, но запомнете дека простувањето е најмногу поради вас да излезете од емоционалната криза и да одите напред кон својата среќа.
5. Молете се
Најтешко нешто што можете да направите за оние кои ве повредиле е да се молите, но верувајте тоа ве ослободува од вашата горчина и ви помага да одите напред.