Храна која помага во намалување на холестеролот во крвта
Холестеролот во хемиска и биохемиска смисла претставува органска молекула која и припаѓа на фамилијата стероли и всушност претставуа тип на масна молекула која е синтетизирана од страна на луѓето и животните. Важно е да се знае дека холестеролот е есенцијален за живот и тој е дел од клеточните мембрани, потребен е за синтеза на одредени хормони итн. Но и покрај тоа што тој е неопходен за живот, високата концентрација на холестерол во крвта (до каде што се транспортира преку липопротеини), т.е високата концентрација на LDL (low-density lipoprotein) во крвта се смета за еден од поглавните ризик фактори за појава на кардиоваскуларни болести. LDL претставува комплекс на протеински носач, холестерол и останати компоненти и лошото е што овој комплекс всушности служи за транспорт на холестерол низ вашето тело и низ крвните садови по што постои можност холестеролот да се таложи на вашите артерии и да ги направи покрути и да го намалува нивниот дијаметар. За да го избегнете овој ризик фактор прочитајте што треба редовно да консумирате.
Храна која помага во намалува на нивото на “лошиот“ холестерол во крвта
- Овес– тој е добар извор на растворливи влакна за кои се знае дека го намалуваат нивото на холестерол во организмот.
- Рж и други интегрални житарки – најверојатно и овие житарки го намалуваат холестеролот преку растворливите влакна кои се содржат во нивниот состав.
- Грав – постојат многу видови на грав и кој и да го изберете нема да погрешите бидејќи скоро сите видови се одличен извор на растворливи влакна.
- Модар патлиџан и бамја – доколку сакате со малку калории да го намалите холестеролот тогаш овие зеленчуци се вистинскиот избор за вас.
- Јаболка, грозје, јагоди, цитрусни овошја– овие растенија се богати со пектин-вид на растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.
- Јаткасти плодови – и јатките може да доведат до благо намалување на LDL во крвта, но тие имаат и други многубројни заштитни ефекти врз кардиоваскуларниот систем.
- Ладно цедени растителни масла – маслиново, канола, или сончогледово масло –сите овие масла кога се во ладно цедена состојба се добри за намалување на “лошиот“ холестерол.
- Соја – сојата и производите од соја исто така се покажале како ефективни во намалување на холестеролот.
- Лук, авокадо, куркума, чиа и ленено семе- се исто така растителни намирници кои може да ви помогнат да се справите со високиот холестерол во крвта.
Одговара: Нутриционист Маја Велковска
Prekrasno Hvalati bože Amin