Исус Христос ќе дојде наскоро и ќе стави крај на сите неправди!

Во ова последно време сите све сведоци на многу неправди, неволји, болести и маки. Кога Бог го создаде светот го создаде совршен. Но поради гревот сега владее злото во природата и во луѓето и поради тоа многу невини страдаат и се прашуваат каде е Бог?

Бог ни дал ветување дека ќе дојде и ќе стави крај на сите неволји.

Тој ни вели да издржиме, дека нема да биде лесно, но дека ќе вреди!!!

Тој ни вели да бидеме подготвени бидејќи не знаеме кога ќе дојде, но кога ќе дојде ќе му даде секому според неговите дела…

“ Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. Знајте го и тоа: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата.  Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.”
„Кој е, пак, тој верен и мудар слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои да им дава навреме храна?  Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го наоѓа дека постапува така;  вистина ви велам дека над целиот свој имот ќе го постави него. Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ,Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘,  па почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците,  господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае;  и ќе го исече на парчиња, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.” (Матеј 24,42-51)

Бог сака да стави крај на сите неправди и болести и ни дава прекрасно ветување во Библијата дека кога ќе дојде и кога ќе го уништи злото повеќе нема да има грев и зло…

“И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.” ( Откровение 21,4)

Од нас бара само да имаме вера во Него, во жртвата која Исус ја дал за нас на крстот, и преку неа со вера ние ќе се спасиме и ќе бидеме со Него заедно во вечноста.

“И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.“ (2 Кор.4.10)

“тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израелски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите. Тој е оној камен што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник; и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.” (Дела 4,10-12)

 

6 коментари

  1. Koga.go phrasale Isusa koga ke bide krajot
    ISUS sto kaza ne znam samo Gospod zae
    Znaci Isus e Sin Coveci ispraten da se zrtvuva za da ne odtkupi od Grevovite.
    So Adam gi vnese na svoite pokolenija.
    Tocno e toa so ke dojde po vtor pat
    Isus hristus (MESIA) .
    I KE GO UNISTI ZLOTO…..

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *