Потребни ви се:
2 шолји сенаменско брашно
1 шолја сецкани бадеми
200гр интегрален шеќер
1 лажичка хималајска сол
125мл масло ( ½ шолја)
375мл соја млеко (1 ½ шолја)
За превливот од јаготки потребни ви се:
450гр свежи или смрзнати јаготки
3 лажици јаворов сируп
½ лажичка екстракт од ванила
1 лажица сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°С
Во сад измешајте брашно, бадеми, шеќер, сол, па потоа додадете ги маслото и млекото. Мешајте додека не се добие хомогена смеса. Тавчето намачкајте го со масло а потоа посипете го со малку брашно (за да не се залепи тортата). Истурете ја смесата во тавчето, и растресете ја за да биде со еднаква висина насекаде, а потоа печете околу 40-45минути во загреана рерна. Преливот подгответе го така што ќе ги измешате сите состојки и ќе оставете смесата да проврие 5 минути. При послужување прелијте го парчето торта со преливот од јагоди.