Имало некогаш еден човек. Тој бил љубопитен и патник, сакал да го запознае светот. И тргнал на пат.
Минувал низ различни земји, во шуми и планини. Еднаш, преминувал една шума, на патот му се попречил буен поток. застанал човекот и се чудел што да прави. Не можел да остане во шумата, бидејќи била полна со диви животни кои можеле да го раскинат.
Стоел на својот брег, полн со опасности и ја видел спротивната страна, на која се простирала волшебно убава, плодна рамнина. Требало да премине на другиот брег! Но во близина немало ниту мост ниту чамец.
И тој решил да си направи сплав. Го направил набрзина и се стрчал по разбранувани води. Почнал очајно да весла со раце, со последните сили се обидувал да се задржи на површината без да потоне. Конечно, со огромни напори успеал да стигне до спасувачкиот брег.
Но, пред да го продолжи својот пат, човекот почнал да мисли што да прави со сплавот: “Овој сплав ми заврши огромна работа. Без него никогаш немаше да стигнам до најбезбедниот брег. Не можам да го оставам едноставно така. Ќе го земам со себе. ”
Го ставил сплавот на грб и продолжил, виткајќи се од тежината. Наскоро сретнал еден старец.
– Зошто го носиш со себе овој тежок сплав, синко? – прашал старецот. – Во нашата земја нема реки и езера, нема да ти треба. Зошто не го оставиш?
– Тој ми го спаси животот. Благодарение на него успеав да стигнам до тука. Не можам едноставно да го исфрлам – одговорил човекот.
– Дозволи ми да ти дадам еден совет – продолжил мудриот старец. – Во животот има работи кои ни помагаат во одреден период, за да продолжиме напред. Тие се единственото решение за овој момент, тие ни одведуваат од брегот полн со опасности, до новиот брег со нови можности. Тие ни помагаат да ги надминеме пречките, да се спасиме од тешка ситуација, да се премине од една до друга фаза од својот живот и да продолжиме напред. Но тоа бил нашиот сплав за овој момент и за оваа ситуација. Не треба да го носиме целиот живот со себе. Само треба да се заблагодариме и да се разделиме од него. Важен е патот напред и леснотијата со која се движиме по него.