Кога изминатиот месец Christie Brinkley се појави на насловната страна на магазинот Sports Illustrated Swimsuit , со својот феноменален изглед буквално го шокираше целиот свет. Последен пат во бикини позирала пред 13 години, и како изгледа неа годините како да не и можат ништо…
Не можеме а да не се запрашаме како ја одржува својата беспрекорна диета? Таа вели дека тајната не е во диетите.
Таа верува во добро врамнотежена исхрана, а посебен акцент става на појадокот Секое утро го започнува со топла вода и лимон и малку мед.!
Нејзиниот појадок е многу богат а најмногу сака јогурт од козјо млеко со сезонско овошје, чиа семе, житарки и оревасти плодови. Во оние денови кога сака протеински појадок таа одбира омлет со спанаќ и печурки.
Посебен десерт кој целото нејзино семејство го сака е тост со авокадо. Исто така, таа е вегетеријанка или “флексибилна веганка“ како што самата таа се нарекува.
Не јаде месо повеќе од половина од својот живот. За ручек секогаш избира салати без дополнителни маснотии а за ужинка секогаш подготвува свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.
Спанаќ, лимон, авокадо и портокал се само некои од состојките кои сака да ги става во соковите. Вечерите секогаш и се полни со боја, а кафеавиот ориз со различен зеленчук и е апсолутен фаворит. Најмногу ја прави среќна што секој ден по малку јаде црно чоколадо од кое се уште не се одрекла.