Свежата слива содржи витамин C (5 до 8 mg на 100 g, зависно за која врста се работи), витамин B6, бакар, витамин B2, витамин B3, витамин K, магнезиум, железо, калциум дури 240 mg на 100 g калиум . Изобилува со влакна, 2 g на 100 g, и покрај се е нискокалорично овошје.
Претходните истражувања покажале дека сливата ги јакне коските, го намалува ризикот од заболување на рак на цревата, помага при опстипација, и дека консумацијата на 12 сливи со просечна величина на ден за време од два месеци го намалува нивото на лошиот холесторол LDL-a. и тука не престануваат благодетите на оваа “кралица”.
Конзумирањето на 12 суви сливи на ден, односно 100 gr, во три месеци значајно ќе ги зголеми маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските, покажа едно од истражувањата.
Дехидроксиi-фенил изатин, е една од состојките на сливата поради која таа, меѓу останатите има лаксативно влијание. Помагаат и сорбитолот и фенолите на тие растителни влакна. 25 грама суви сливи, што е еквивалентно во просек на три плода, че ни осигура 5% од потребниот дневен внес на влакна.
Кај нашиот народ ова овошје е исклучително распространето и омилено. Можете да го јадете во било која доба во текот на денот, дури и наутро.
При купување бирајте поцврсти сливи и неоштетени.