Здравствени придобивки од употреба на куркума
Растението од кое се добива зачинот куркума во прав се нарекува- Curcuma longa и тоа е едно коренесто растение кое најмногу наликува на ѓумбирот, но бидејќи има портокалова боја во внатрешноста затоа и правот кој се добива од ова растение а се употребува како зачин/додаток во исхраната е со портокалова боја и кај нас е познат како куркума во прав. Куркумата е најпозната по тоа што многу често се употребува за ублажување на симптоми кај одредени заболувања, за што најмногу се заслужни одредени состојки (куркуминоиди) присутни во ова растение, од кои најпознат е куркуминот. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на куркума во вашата исхрана.
- Куркумата има антикоагулантно дејство – што значи може да им помогне на лицата со тромбоза.
- Исто така има и антивоспалитено дејство што значи дека е пожелна за употреба при сите воспалителни процеси во телото.
- Поради своите антиоксидантни и антивоспалителни својства куркумата е одлична и за кожата и покажува ефекти на забрзување на зараснување на рани, а ја ублажува и појавата на акни.
- Куркумата може да се употребува и за дополнителен третман на артритис.
- Одредени студии покажале дека куркумата може да помогне и во третман на канцерогени заболувања.
- Куркумата може да помогне и во решавање на примарните проблеми кои понатаму довеле или ќе доведат до појава на дијабетес.
- Куркуминот исто така може да има поволни ефекти и кај некои гастроинтестинални проблеми како што се: улцеративен колитис и синдром на иритабилен колон.
- Ефектот на куркуминот при третман на болка и воспаление може да се спореди со ефектот на стероидните лекови, но се разбира тој ја нема долгата листа на можни нус појави.
- Поради сите ефекти што ги има куркуминот врз главните фактори-предизвикувачи на кардиоваскуларни болести, може да се каже дека куркуминот може да ве заштити и од кардиоваскуларни болести.
- Иако не е сосема потврдено, поради неговите познати ефекти се смета дека куркуминот може да помогне во превенција и во третман на Алцхајмерова болест.
Автор: Нутриционист Маја Велковска