Ако се интересирате за поимот здрава храна и исхрана, тогаш најверојатно имате слушнато за „супер храната“ пченична трева. Пченичната трева е делот од растението пченица, кој расти над почвата кога изртено зрно пченица ќе засадите во почва. Постојат разни форми во кои е достапна пченичната трева: таблети, капсули, сок, прав… но најдобар за употреба е сокот од пченична трева бидејќи тој претставува форма која е најблиска до природната. Во понатамошниот текст прочитајте за извонредните здравстевени придобивки од употребата на пченична трева во вашата исхрана.
Здравствени придобивки од употребата на пченична трева во исхраната:
- Изобилува со пигментот хлорофил кој е моќен антиоксидант што значи дека има потенцијал да штити од многу болести.
- Ви помага да го снабдите телото со кислород и го подобрува метаболизмот.
- Го алкализира телото и делува антибактериски.
- Помага во обнова на крвните компоненти и оштетените ткива.
- Го детоксифицира телото од тешки метали.
- Можно е и да има позитивно влијание и на црниот дроб.
- Има улога и во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
- Делува антисептички, и ги смирува воспалението и болката во грлото.
- Можно е да ги ублажи симптомите и кај егзема или псоријаза.
- Ја подобрува дигестијата.
- Го смирува воспалението.
- Го подобрува видот и тоа особено делува на ноќното гледање.
- Го зајакнува имунитетот.
- Го забавува процесот на стареење.