Феноменално домашно таблероне за 15 мин!

Состојки:

1 маргарин од 250 gr
3 јајца

300 гр шеќер
200 гр чоколадо
2 лаж. какао

100 гр пржен сусам
100 гр сецкани пржени несолени кикирики
200 гр мелени бисквити

100 гр чоколадо за глазура
неколку капки масло

Подготовка:
1. Стопете го маргаринот

2. Јајцата и шеќерот измешајте ги и додајте ги во маргаринот.
3. Варете додека шеќерот не се стопи, полека додајте го какаот, чоколадото, кикириките, бисквитите и сусамот

4. На соодветна тепсија ставете неколку капки масло и ставете ја топлата смеса во неа. Почекајте масата да се стврдне, па ставете ја чоколадната глазура. Потоа исечете на парчиња и послужете.

најбољирецепти.га

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *