Доколку сте родител, треба да знаете дека на своите деца некои работи не треба никако да им ги кажете бидејќи ќе влијаат на нивниот развој и живот.
Многу е важно да водите сметка бидејќи тие утре ќе бидат огледало на вас.
Прва реченица која никако не смеете да му ја кажете на своето дете е: “Ти си безвреден, не те бива за ништо.“ бидејќи на овој начин ја убивате нивната амбиција и нивните бродови ќе почат да тонат.
„Ти ме разочара“ е честа реченица која родителите им ја зборуваат на своите деца и тоа секако е голема грешка. Решете ги дилемите со разговор а не со вакви реченици.
„плачењето е за слабаци“ оваа реченица никако не треба да ја постават родителите. Научете ги децата и пуштете ги да имаат емоции бидејќи тоа е единственото вредно што го носат со себе.
„Ништо не правиш како што треба, секогаш нешто расипуваш“ и „големите момчиња и девојчиња не се плашат“ – психолозите тврдат дека мора исклучиво да се избегнуваат.