Во општата поделба мажите спаѓаат во посилен пол, додека жените се сметаат за послаб пол. Така и треба да биде и така Бог ги создал мажот и жената. Улогите во последно време се многу сменети од нас самите. Жената има повеќе улоги од претходно и тоа не ја прави послаба, тоа ја прави посилна….
Денес…да бидеш жена значи да работиш 24/7, да работи надвор од домот, да обезбедиш за домот храна и се што е потребно, да работиш дома како готвачка, чистачка… да бидеш добра сопруга, добра мајка, добра пријателка, добар психолог…
Да го носиш сето тоа на тебе не е терет, тоа е прекрасна одговорност кое жената може и умее, за кое Господ и дава посебна сила и ја прави посилна од кога и да е…
Да имаш сила да не спиеш со ноќи кога детето е болно…
да имаш сила да учиш со децата иако си имала напорен ден на работа…
да имаш сила да играш со децата иако имаш уште многу незавршени обврски…
да имаш сила да им се насмееш на децата…иако во тебе може има болка и непролеани солзи..
да имаш сила и време за своите пријатели иако денес е тешко тие да имаат време за тебе…
да имаш сила да бидеш понизна сопруга полна со љубов и разбирање иако може не си разбрана….
Таа сила не е од неа, Господ и ја дава…секој ден и секој момент, колку што и е потребна, за да може да издржи, да може да се бори и да оди напред со нови сили во нови победи…