Децата често проверуваат кои се вашите граници, ви одговараат, безобразни се, намерно ги кршат правилата…За да не добиете нервен слом вдишете длабоко и прочитајте ги овие совети.
Бидете присебни
Запомнете дека од вашите реакции зависи понатамошниот однос со детето – дали ќе биде позитивен или негативен. Доколку сте премногу благи , “лудувањето“ би можело да се влоши. Ако сте премногу строги Ако сте сувише строги, детето ќе се чувствува инфериорно а тоа подоцна може да доведе до проблем во комуникацијата со другите. Тоа за време на испадот проживува силни емоции, па викањето, заканите и речениците како “Како се осмелуваш, јас сум ти мајка“ може само да ја влошат ситуацијата. Стручњаците советуваат длабоко да вдишете, да изброите до десет и добро да размислите дали тоа што ќе го кажете ќе ги подобри работите. Најдобро е да кажете дека ќе зборувате попосле, кога и обете ќе оладите. Секако, тоа и направете го, најлошо е детето да помисли дека тоа се “празни закани“.
Најдете ја вистинската причина
Одговорот на родителите не е секогаш одраз на сегашната ситуација, вистинската причина можеби е нешто што не е поврзано со него. Детето може да има проблеми со пријателите во градинка или училиште,па потоа да се извика своите родители. Ова ќе го забележите ако се врати нервозно од детската градинка или од часови. Останете блиску и поставете директно прашање: дали нешто се случило во училиштето (детска градинка)? Кога ќе го најдете изворот на проблемот, ќе биде полесно да се реши.
Одредете граници
Вашето послушно дете било добро до вчера а денес одговара: “симни ми се од вратот“ Можеби само го повторува само она што го слушнало и не сфаќа дека тоа е непристојно. Децата често ги слушаат пријателите како им одговараат на родителите и сакаат да ги имитираат. Затоа кажете дека е во ред е да каже дека е налутено, уморно или не му се разговара. Но, нагласете дека викањето и дрскоста не се опции.
Објаснете ги последиците
Кога ќе му кажете на детето какво однесување и кои фрази се несоодветни, објаснете му и какви ќе бидат последиците ако ги премине границите. Тоа може да биде загуба на некоја привилегија или додатни домашни задачи….Однапред нека знае кои се можните казни за да не би дошло до изненадувања. Бидете доследни, држете се до правилата, тоа е единствен начин да покажете дека сте сериозни.
Внимавајте што и како зборувате
Важно е вие да бидете пример на најмладите. Тие учат така што го имитираат тоа што го слушнале или виделе, пред се од домот. Ако родителите имаат остар тон во разговорот, ќе мислат дека тоа е во ред. Потрудете се со почитување да се однесувате спрема членовите од семејството, пријателите, соседите дури и кога мислите дека детето не е во близина.Б
Пофалете ја љубезноста
Обратете внимание на тоа кога детето е љубезно, благодарно и учтиво, не пропуштајте да го пофалите. Со тоа покажувате одобрување на таквото однесување, а малите с ечувствуваат убаво кога мама и тато забележуваат кога се добри.