Исус рекол: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи!” (Лука 9:23). Бог никогаш не рекол: „Наведни се и дозволи да го ставам Својот крст на тебе.” Исус не прави ништо присилно, Неговата војска се содржи од доброволци.
Сите верници не носат крст. Може да се биде верник и без да носите крст, но не можете да бидете Христов ученик. Многу го одбиваат крстот, сакаат добар живот, пари, популарност и успех. Може да имаат успех, но нема да Го запознаат Бога.
Оние кои трпат и страдаат, ќе бидат заедно со Исус во вечноста.
На нашите неволји и проблеми не мора да гледаме како на несреќи и казни, туку како на крст, кој ни е понуден, за да научиме да се потпреме на Божјата помош.
Ако токму сега сте повредени, може сте во процес на оздравување. Ако сте соборени од тешкиот терет, бидете подготвени! Бог е близу да се покаже силен за вас.
Бог ќе ви помогне преку човек или ситуација.
Da bog e golem i veruvam deka ke bide tuka za mene i mojot sin mnogu tezok zivot imame no nadesta se postoi.
Amin…
Amin
Amin.