Често имаат исклучително висок коефициент на интелегенција, кој им овозможува светот да го видат приближно онаков каков што е и кој потоа им влева надеж и сила постојано да се обидуваат барем малку да го разубават, да помогнат на кој можат.
И гледаат сосем јасно, кога некој поради тоа ги злоупотребува, исмева, издава, излаже. Не се слепи.
Но исто така знаат дека тоа е нивна задача. Да помагаат без да бараат возвратена услуга, да сакаат безусловно, да даваат кога ни самите немаат, да решаваат туѓи проблеми, да му помогнат секому кој има мака.
Зошто? Бидејќи секој го нуди она што го носи во себе. А тие носат само љубов и разбирање, сочувство и убавина на срцето и душата. На оној што е полн со вакви вредности на животот , Бог секогаш им враќа.
Тие од луѓето никогаш не го добиваат тоа што го залужуваат, но животот нема да им остане должен. Ќе им се врати преку други кои ќе им помогнат кога ќе им биде потребна помош.
Има многу добри луѓе во светот, само се скриени во глувчешка дупка плашејќи се од оние дивите и недокажаните, кои некако како баш сега да владеат со светот. Се кријат тие прекрасни луѓе плашејќи се од нелуѓето заборавајќи ја онаа огрома животна вистина дека Бог ги сака оние со добро, искрено и чисто срце.
Бидете такви луѓе. Пробајте и ќе видите што ќе се случи.
Очекувајте да бидете измамени и излажани, баш од ониена кои сте им помогнале, како и од некои од кои никогаш не би го очекувале тоа. Но, исто така очекувајте чуда! Бидејќи колку и да може нечовек да ве повреди, стопати повеќе Бог може да ве награди преку човек.
Не дозволувајте животот да ви помине во глувчешка дупка. Бидете храбри, бидејќи среќата ги следи добрите и храбрите, а Бог…?
Тој таквите најмногу ги сака.
Se slozuvam so celava sodrzina bidejki i jas sum edna od tie gore navedeni dobri luge