Еве неколкуте од многуте Библиски цитати кои зборуваат за парите и финансиските проблеми.
Загриженост за утре
Матеј 6:31-34
„Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сето ова ќе ви се придодаде. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се погрижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло.
Ова е еден од најмоќните стихови што многумина посакале да го меморираат во нивните умови. Повеќето го цитираат само стихот “најнапред барајте го Царството Божјо и Неговата праведност, и сите овие работи ќе ви бидат додадени”, но она што се изоставува е “сите овие нешта” што вклучуваат вознемиреност за тоа што ќе јадеме, носиме и пиеме. Во првиот век во Јудеја, повеќето луѓе секојдневно работеле за своите плати. Тоа значи тие работеле и биле платени за тој ден што го сработиле. Тие немале гаранции за утрешната работа и утрешната плата, така што за нив било полесно да подлежат на вознемиреност за следниот ден (утрешнината), во споредба со нас денес, но вознемиреноста не е ограничена само за Јудеја во првиот век. Денес сите имаме тенденција да се вознемируваме за утрешниот ден, а Бог ветува дека имаме доволна благодат за денес. Затоа Исус вели дека е губење на време да се грижиме за утрешниот ден бидејќи доста му е на секој ден неговото зло.
Тестирајте го Бог
Малахија 3:10-11
„Донесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во Мојот дом. Тогаш испитајте ме-зборува Господ над војските. Зар не би ги отворил небесните брани и не ќе излеам врз вас благослов со полна мерка. Нема ли заради вас да му забранам на скакулецот да не ви ги расипува веќе посевите, за да не ви биде неплодна лозата во полето – говори Господ над Воинствата.
Ова е единственото место во Библијата каде се вели дека дозволено ни е да го тестираме Бога. Господ вели да ги донесеме нашите десетоци и да го ставиме Него на тест, да видиме дали нема да ги отвори прозорците од небото за нас и да ги излее врз нас благословите со полна мерка. Бог ветува и дека ќе ги прекори опостушувањата за нас. Тоа значи дека ако му веруваме на Бог доволно да ги дадеме нашите десетоци за неговиот дом, Тој ветува дека ќе ги излее благословите врз нас, до тој степен што ќе претекуваат и ние ќе немаме „повеќе потреба“. Тестирајте го Бог со тоа што ќе бидете верни и дарежливи за обезбедување на потребите за делата за неговото царство и тој ќе излее врз вас повеќе од она што ќе можете да го замислите.
Секоја потреба ќе ви биде пресретната
Филипјаните 4:19
„А Мојот Бог ќе ја исполни секоја ваша потреба, според Своето богатство и Славата во Исуса Христа“.
Бидејќи Бог поседува сé што постои, дали е премногу тешко да му верувате дека ќе ги задоволи вашите и потребите на вашето семејство? Секако дека не, но тогаш зошто ние се грижиме за работите што Бог ветува дека ќе ги обезбеди за нас. Бог ги снабдува сите наши потреби, но не снабдува ако сме лакоми и алчни за повеќе. Клучниот збор овде е „потреба“ бидејќи Тој знае што ни е потребно денес и што утре ќе ни треба, па зошто тогаш да не му веруваме Него и на Неговиот збор? Вистинските богатства се веќе во наша сопственост ако сме се покајале и поверувавме во Исус Христос. Сé друго е секундарно, сепак е премногу лесно да се заплеткаме во нашите потреби, дури и кога Бог ветува дека ќе снабди сé.
Птиците не се грижат
Матеј 6:26
„Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту собираат во житници и пак нашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив?“
Дали некогаш сте виделе птица да се грижи за своите потреби. Дали таа размислува за утрешниот ден? Дали сте виделе птица која е во депресија, со главата надолу и која не црцори? Не, таа не мора да работи и да заштедува за утре, бидејќи Бог ѝ гарантира дека таа денес ќе се нахрани и бидејќи знаеме дека Бог нас, луѓето не вреднува најповеќе од сите негови созданија, зошто да размислуваме дека Тој нема да го направи истото за нас, бидејќи ние сме повредни за него, од птиците?
Преполнетост во скутот
Лука 6:38
„Давајте и ќе ви се даде. Добра мерка, набиена натресена, преполнета ќе ви биде дадена во скутот, зошто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.“
Ја сакате сликата на Исус кој ви дава кога вие давате зарем не? Кога давате ќе ви биде дадено, но на кој начин? Бог ќе ни врати назад во добра мерка, набиена, натресена, преполнета во нашиот скут. Замислите да живеете ден за ден за вашето семејство и да ви се плати само еден ден што сте работеле. Тоа беше начинот на живеење за многумина во Јудеја во првиот век. Сега замислете дека сте платени со монети во торба. Затоа што сте биле дарежливи во давање, вие сте ја отвориле вашата торба со пари за да добиете плата од тој ден и ви се дава во добра мерка, потоа е притисната, набиена за да ви се даде уште повеќе. Потоа вашата торба со пари е натресена, разнишана за монетите да се сместат на свое место и да се овозможи поголем простор за нови монети да бидат додадени. Потоа Бог истура повеќе монети во вашата торба со пари се додека таа не се преполни и истури во вашиот скут. Тоа е сликата која треба да ја добиете од стихот бидејќи Бог ветува дека со која мера мерите со таа ќе ви се мери.
Почитување на Господ
Пословици 3:9-10
„Почитувај го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход и твоите житници ќе бидат преполни и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.“
Во овој стих нашето препуштање на Бог е изразено како наше почитување кон Него, бидејќи му верувате Него. Кога му оддавате почит на Господ со вашето богатство, кој е резултатот? Тој ви гарантира дека вашите амбари ќе бидат исполнети со многу, а вашите каци ќе бидат преполни со вино. Запомнете дека кога ова било напишано немало банки како денес, па амбарите или житниците биле единственото место за чување на вишокот храна, а каците преполни со вино, значат дека никогаш нема да имате недостаток од храна и пијалок, но само ако го почитувате Бог со тоа што ќе давате. Виното е симбол на радост, па така ова исто значи дека радоста ќе биде нус производ на вашето давање на Господ и покажување почит кон Него и дека имате доверба во Него доволно дека ќе ви ги преполнува вашите амбари и каци.
Верни во малку, верни во многу
Лука 16:10-11
„Кој е верен во најмалото, верен е и во многу, а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу. И така ако не бевте верни во несправедливото богатство, кој ќе ви го довери вистинското?“
На секој од нас ни е доверено од Бог се она што го имаме. Многумина во западниот свет се побогати од оние во останатиот дел од светот, а сепак истражувањата покажуваат дека побогатите луѓе даваат пропорционално помалку од оние кои се посиромашни. Исус ги предупредува оние на кои им е дадено многу, многу од нив и се бара. (Лука 12:48), а на оние кои им е дадено малку и биле верни во она малку што го имаат, на нив ќе им се даде повеќе. Еден ден кога помазените од Бог ќе ги добијат своите награди, оние кои биле верни во малку ќе бидат наградени со многу и на нив ќе им биде доверено многу повеќе.
Заклучок
Зошто не би му верувале на Бог бидејќи Тој поседува сé што е овде? Зошто не би му врателе назад на Бог, затоа што сé што имаме е веќе Негово, а ние сме само управители. Зошто имаме тенденција да се грижиме за утрешнината денес? Зошто не го тестираме Бог во единствената област во која ни е дозволено, а тоа е во нашите дарови кон Него? Тој ветува дека ќе ја пресретне секоја наша потреба, исто како што ја пресретнува за небесните птици кои не се грижат за она што ќе го јадат и пијат утре. Ако му оддавате чест на Господ, Тој ќе ви возврати назад со преплавеност која ќе се претура во вашиот скут и дури ако имате малку и сте верни во тоа, Тој ќе ви довери да бидете верни во повеќе еден ден. Прашањето е дали ќе им верувате на вашите очи или ќе му верувате на Бог, Кого не можете да го видете со вашите очи. Дури и нашите очи можат да нé излажат, но Бог никогаш.
http://www.patheos.com/blogs/christiancrier/2014/08/30/top-7-bible-verses-to-help-with-money-or-financial-problems/
7 библиски цитати кои ќе ви помогнат да ги надминете финансиските проблеми
Кои се неколкуте од многуте Библиски цитати кои зборуваат за парите и финансиските проблеми? Пасторот Џек Велман од црквата „Mulvane Brethren“ во Канзас ни открива што вели Библијата за парите и финансиските тешкотии.

Автор на текстот :Светлана Петковска