“Мамо, зошто си толку љубезна и насмеана кога си на телевизија, а дома си секогаш намрштена и нерасположена?”, ја прашува детето својата мајка, популарна телевизиска водителка.
“Бидејќи дете мое, за на телевизија ме плаќаат да бидам насмеана, ”, одговори искрено и без предомислување омилената дама на телевизиските екрани.
“А колку би требало да ти платам за да бидеш насмеана и дома?”, прашало детето наивно и отворено.
Жената не одговорила одма.
Солзите во очите биле најдобриот одговор на детето кое веднаш се нашло во нејзината прегратка.
Дарувањето нема противуслуга и се остварува безусловно. Инаку, нема никаква вредност.