Бог ја создаде жената од реброто на мажот за да бидат едно. Да делуваат како една душа и едно срце. Да не можат еден без друг. Да живеат еден за друг. Да се почитуваат еден со друг.
“Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо.
Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот.
А човекот рече: „Еве тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот (свој)!”
Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело.“ 1 Мојсеева 2,6