- Знае дека е сакана
Таа нема потреба да моли за љубов, да ги намали своите стандарди и да се понижува за да добие трошка љубов. Таа знае дка е сакана и тоа ја прави среќна и полна со самодоверба. Знае дека вистинските пријатели и своето семејство ја сакаат искрено и нема потреба да се нервира кога и завидуваат и ја оговараат , бидејќи кога имаш кој да те сака, не е важно кој те мрази!
2.Одбива да живее во страв
Таа не се плаши од луѓето, туку само од Господ. Не ја плаши неизвесноста, бидејќи цврсто чекори на својата патека со силна одлучност и силна вера дека ако направи се најдобро што може од себе, го остава другото на Бог знаејќи дека Тој се грижи за секој детал од нејзиниот живот и дека не ја остава сама по патеката на животот.
3.Таа е позитивна
Знае како да го извлече доброто од лошото, секогаш се надева на добро и позитивно гледа на работите. Да бидеш позитивна личност среде негативни луѓе и ситуации е вистински предизвик но таа знае дека позитивните мисли и позитивните дела водат кон позитивен живот и тоа е нејзин единствен начин на решавање на проблеми и ситуации во животот.
4.Се опоравува од неуспеси
Не успеал само оној кој се откажал. Кој не пробал, кој не се трудел доволно. Кој се изморил и изгубил волја и желба да продолжи напред. Таа никогаш не се откажува , паѓа, но со нови сили станува и продолжува напред. Во нови борби, во нови победи.
5. Избегнува споредби
Таа знае декој секој е оригинален и единствен уникат создаден од Бог. Секој има свои дарби, свои таленти, свои соништа…Секој е неповторлив во своите мисли и желби и не се споредува. Таа е своја и не зависи од мислењето на другите, таа самата креира свој стил, свој начин на однесување и живеење.
6. Презема акција
Таа не е пасивна личност која зависи од другите, таа е активна, планира, анализира, делува. Не остава ништо на случајот, сама ги презема работите во свои раце, не чека од никого, не се надева на други, но секогаш е тука да помогне кога може. Таа е жена од акција. Ги придвижува работите, ги решава проблемите, помага на другите.
Bas taka,samo so takvo svakanje,razmisluvanje,vizija i reakcija se uspeva vo segasnosta…kakva-takva ,toa e nacinot za uspeshno ziveenje vo ova tesko sekojdnevie…samo so golem optimizam , cist i zdrav razum,dobra analiza na site potrebni atrib.,dobar plan,zdrava sredina koi nie si ja pravime,golem optimizam i samodoverba se uspeva vo ova sekpjdnevie.
Treba da bideme presrekni i zadovolni ak0 sme uspesni vo 70 % od samozadadenite planovi i zelbi…,
Dobra nok…sekogas utroto nosi novi idei,vizii i uspesi.
Bash taka samo verba vo boga i sve ce dojde na svoe mesto!