Има период во животот кога ви е тешко и мислите дека нема излез од проблемите. Тоа е оној период кога Бог ве повикува кај Него. Кога сака да Го побарате за свој Пријател, за свој Спасител.
Тој знае дека само Тој може да ви даде решение на проблемите и дека само Тој има излез од вашата безизлесна ситуација. Никој човек не може да ја разбере вашата тага како Тој, никој човек не може да го носи вашиот товар како Тој, никој не би умрел за вас, како што Тој го даде Својот Син да умре за вас.
Кога ќе Го најдете и кога ќе Му се предадете, Тој ќе влезе во вашето срце, во вашиот дом, во вашиот живот, и ќе го исцели она што е болно и ќе го отстрани она што е зло и ќе најде решение за она што изгледа невозможно.
Бог отвара врата која никој не може да ја затвори и затвора врата која никој не може да ја отвори. Ваше е само да поминете низ неа. Со вера и надеж. Дадете го првиот чекор, а Бог ќе го изоди останатиот пат за вас. Кога ќе го пуштите да влезе, Тој ќе ви даде мирен и исполнет живот за кој секогаш сте сонувале.
Da gospodi otvorena ti e vratata shirum i te molam vodi me po vistinskiot pat!!!