Од време на време се појавуваат приказни кои ни ја враќаат верата во тоа дека чудата се случуваат! Ова е една од нив…
Австралијката Kate Ogg и нејзиниот сопруг Dave,со нетрпение го очекувале раѓањето на своите близнаци. Морала да се породи во 27.недела од бременоста, кога ги примиле стражните вести.
Девојчето Ели заплакало одма по раѓањето, додека малиот Џејми по 20 минути реанимација прогласен е за мртов.
Среќата за раѓањето се претврила во ноќна мора. Додека Кејт се обидувала да го сфати она што докторот и го соопштил, цврсто го држела безживотното тело на својот син во прегратка. Целото време се надевале дека ќе заплаче, но докторите ги уверувале дека бебето умрело.
Медицинските лица излегле од собата, а мајката и таткото го прегрнале ладното тело на бебето и со него легнале во кревет. Лежеле така полни два часа, не одвојувајќи го погледот од своето дете.
Сакаа да го загреат со своите тела не верувајќи дека навистина не е повеќе жив.
Накратко почувствувале грчеви во неговото тело, но докторите рекле дека тоа е нормално и дека возможни биле појави на задоцнети рефлекси на мртвото тело.
Овој брачен пар со години се обидувал да добие деца и не можеле да се помират дека Џејми е мртов.
Меѓутоа, тогаш се случило нешто незамисливо! По два часа контакт на кожа на мајката и таткото, момчето почнало повторно да дише! Кејт не можела да верува и мислела дека тоа е премногу добро за да биде вистинито – докторите биле шокирани!
Џејми е жив!
Среќниот татко, Дејв, рекол: “За среќа, имам многу храбра жена која ги слуша своите инстинкти – само поради неа, Џејми е сега со нас!”
По неколку недели во болница, двете бебиња со своите родители ја напуштиле болницата и отишле дома.
Споделете ја оваа приказна со пријателите и покажете им ја важноста на Божјиот дар – мајчинскиот инстинкт!
новиживот.нет