Зошто НЕ за “диета“, а зошто ДА за избалансирана исхрана?

Борбата со вишокот телесна маса во денешно време е многу честа- а воглавно тоа е последица на прекумерниот внес на храна и малата физичка активност. Но најзагрижувачкото е што секогаш се бираат небезбедни методи за справување со вишокот телесна маса- наместо да се отстранат причините кои примарно доведуваат до дебелината, по што нормалната телесна маса ќе се одржува со правилна и избалансирана исхрана.

 

Зошто НЕ за комерцијалните диети?

Со оглед на тоа што денес многу лесно се шират информациите, сигурно имате наидено на некоја комерцијална диета- а можеби и сте пробале во пракса да спроведете ваква диета.

Факт е дека најверојатно ќе успеете да ја намалите вашата телесна маса, но другиот факт е дека кога ќе се вратите на стариот начин на исхрана и живот- неминовно ќе си ги вратите сите изгубени килограми.

Други причини поради кои не е препорачливо да се придржувате кон вакви диети се: вообичаено тоа не се научно/медицински докажани/испитани диети, не се прилагодени на потребите на индивидуата, имаат за цел само да ја намалите телесната маса- а воопшто не ве учат како да се исхранувате здраво и да бидете здрави, лесно може да предизвикаат минерален/витамински/макронутритивен дефицит, некои од нив имаат научно докажани штетни ефекти по вашето здравје…

Зошто ДА за правилна и избалансирана исхрана?

Бидејќи ако одлучите да се храните правилно, тоа значи дека сте спремни на долгорочен план да го решите проблемот со вишокот телесна маса, а и сакате да го одржувате во добра форма вашето здравје со помош на добра исхрана. Ако правилно и здраво се храните, тогаш најверојатно поспоро ќе слабеете но притоа нема да се изложите на ризик од дефицит на одредени макро и микронутриенти, и нема да го загрозите вашето здравје. Ако правилниот начин на исхрана ви стане-стил на живот тогаш никогаш повеќе нема да си ги вратите вишокот килограми, и нема да имате потреба од било каква “диета“.

Автор: Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *