Мајка ми има 70г. Таа ми става крушки и јаболки, извинувајќи се:“Не се баш убави на изглед, но многу се вкусни. И не се прскани, од нашата градина се. Семи, знам дека ги сакаш..“
И јас земам .Земам и сирење, го сакам нејзиното сирење. Изглегувам, седнувам во кола и заминувам.
И пак некаде брзам, патувам, менувам градови и временски зони. Доаѓам кај мама кога можам. По сите обврски и работи.
И носам нешто вкусно и набрзина прашувам како е што е, нестрпливо ја слушам за нејзините за мене безначајни грижи и проблеми, и пак заминувам, трчам кон своите обврски.
Мама ќе ми каже дека одам слабо облечена, дека не го чувам грлото, затоа и кашлицата не поминува. Ќе ми рече дека многу работам и дека е време да се смирам. Ќе се согласи со мене дека животот е комплициран, и дека не е страшно ако не доаѓам често кај неа.
А живееме 20 км една од друга. И се јавувам редовно, ги слушам нејзините детални приказни за пазарот, за сестра и на која и е тешко сама на село, за тоа дека доматите не родиле, дека било суша…
Мене не ми е интересно. И ми се чини дека во нејзиниот живот не се случува ништо важно. Малку се лутам кога ми се жали на своите болки, а јас ја молам да оди на лекар, а таа не оди. Но јас не сум доктор, откаде јас да знам какви лекарства да пие?„
Мајка ми, наеднаш, жалосно ми вели: “Па на кој да се пожалам ако не на тебе…“
И јас занемувам, држејќи ја слушалката во рака, сфаќајќи дека сум неправедна, и сите нејзини зборови и расправии која од нас е во право, нејзините жалења, моите оправдувања – сето тоа е нашиот живот. Оној кој е овде и сега.
Скокнувам, возам до неа „непланирано“, таа успева да ми испече лепињи, се смееме.
Се замотувам во нејзиниот шал, многу е студено. Мама брзо става дрва во печката, и јас повторно сум она мало безгрижно и задоволно девојче. И се е вкусно и топло. И нема никакви проблеми…