1.Инвестирајте го вашето време. Децата нема да ги памтат подароците кои сте им ги подариле, туку времето кое со нив сте го поминале. Имајте време за нив посебно додека се мали, вие може долго ќе работите, но тие нема да бидат мали долго време. Имајте време за игра со нив, за прошетка во природа, излети, за едукација, за разговор, за љубов…Пропуштете некој состанок, но не го пропуштајте времето со нив!
2.Инвестирајте ги вашите средства. Инвестирајте ги сите можни средства во нив, нема ништо повредно од нив. Освен за нивните основни потреби, должност на родителите е да направат се за психолошкиот, физичкиот, менталниот и емоционалниот развој на своите деца. Да го извлечат најдоброто од нив, да ги поттурнат напред во животот, да им дадат насоки и да им помогнат во сето тоа. Вложете во курсеви по јазици, по уметност, во спортски и креативни активности, во музички часови, клавир, виолина, балет… Помогнете им да го дадат својот максимум од себе, да се трудат повеќе, да се развиваат физички и психички и да бидат успешни луѓе кои ќе придонесат во општеството.
3. Вложете многу љубов во нив. Саканите деца се среќни деца. Сакајте ги и кога се криви бидејќи животот ќе ги казнува и кога не се. Децата сакаат да знаат дека ги сакате. Но сакаат тоа да им го покажете. Покажувајте им ја вашата љубов почесто и ќе добиете добри резултати за возврат. Само љубовта раѓа љубов, делете ја со нив најмногу.