Иако одгледувањето деца понекогаш е пропратено со долги и исцрпувачки денови во кои понекогаш се прашувате “Ќе имам ли време за себе?“ додека некои родители гледајќи ги своите деца како брзо растат се прашуваат “Дали ќе им требам и понатаму?“ Овој пост ќе ги смири сите ваши грижи…Rachael Boley во својот пост ни покажува колку всушност е силна врската помеѓу мајката и синот..
Овој пост набрзо стана вирален на Инстаграм а видете самите и зошто……
“Ти си секогаш тука за него.
Кога тој ќе научи да оди, тој ќе прооди неколку чекори подалеку од тебе и ќе се врати кај тебе, и пак ќе се оддалечи неколку чекори и повторно ќе се врати. Кога ќе научи нешто ново, тој ќе ја бара твојата горделива насмевка.
Кога ќе научи да чита, тој ќе ти ја повторува истата книга по дваесет пати бидејќи ти си единствената која би слушала толку многу пати.
Кога ќе игра некој спорт, ќе го бара твоето лице на клупите.
Кога ќе се разболи, ќе ти се јави.
Кога ќе се најде во некоја збрка, ќе ти се јави.
Кога ќе биде веќе голем и силен и мажествен и кога ќе му се плаче, тој ќе дојде кај тебе, бидејќи маж може да плаче пред својата мајка без да чувствува грижа на совест.
Дури и кога ќе биде возрасен и ќе има нова жена во неговиот живот и кога ќе има свој дом, ти си се уште неговата мајка, како домашна база, како некоја непроменлива константа, како сонцето.
Знај во своето срце дека се ќе си дојде на свое место.“