Ако се чувствувате обесхрабрено, оваа порака е за вас!

” Пренеси ја на Господ маката своја и Тој ќе те поткрепи. Тој нема да дозволи праведниот човек да пострада“
– Псалм 54:33

” Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.. ”
– Исаија 41:10

” а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат..”
– Исаија 40:31

” зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: „Не плаши се, Јас ти помагам.”
– Исаија 41:13

” Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат, доаѓаат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, …”
– Исаија 49:18

”  Јас сум Господ, Кој покажува милост…
– Еремија 9:24

” Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сè срце.. ”
– Еремија 29:11-13

” Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа останав милостив кон тебе.. ”
– Еремија 31:3

” Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава кај народите, што ве плачкосуваа: „Зашто кој чепка во вас, чепка во зеницата на окото Мое.. ”
– Захарија 2:8

 

” Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”
-Матеј 11:29,30

” А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сè е можно за оној што верува!”.”
– Марко 9:23, 10:27

” „Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој и рече на оваа планина: „Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
– Марко 11:23-25

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *