Најсилната кашлица престанува само за една ноќ: Како да направите облози од мед! (РЕЦЕПТ)

Третманот можете да го повторите неколку дена по ред, но дури и по првиот пат се забележува значително олеснување.

detefoto.shutterstock

Во основата на ова лечење на кашлица е приорната метода, која уште одамна се користи  за лечење на болести на респираторниот тракт.

Медот поседува висока биолошка активност,и со помош на облози може да се исфрли шлајмот кој е пропратен со силни напади на кашлица. Облозите врз основа на мед се одлично средство кое ја елиминира силната кашлица, буквално за една вечер. Се препорачува како за деца, така и за возрасни.

За да подготвите облози од мед потребни ви се мед, брашно, растително масло, газа, салфета и фластер.

Подготовка: Промешајте го брашното со мала количина на мед, за да добиете смеса за облози. Смесата не треба да се лепи за рацете. Можете да додадете малку масло и повторно да ја потопите смесата во брашно .

ставете ја смесата на салфета, замотајте ја во газа. Прицврстете ја на градите или грбот, со помош на фластер, па облечете пижама. Обратете внимание облозитеда  не ги ставате во пределот на срцето.

Ако лекувате кашлица кај детето, облогата нека стои најмногу 2-3 часа најдобро кога детето спие, додека возрасните може да ја држат цела ноќ.

За ова време се случува активно потење, можно е и постелнината да стане мокра. Затоа на чаршафот ставете уште некоја заштита.

Овие медени облози имаат добро  антиинфламаторно делување и благ ефект на загревање. Видливите позитивни резултати ќе се јават во почетниот стадиум на болеста, која поминува без компликација.

Третманот можете да го повторите неколку дена по ред, но,веќе по првиот пат, се забележува значително олеснување.

Кај кашлицата,медените облози може да се применуваат кај деца постари од 6 месеци. Детето не смее да има кожно заболување и повреди на кожата .

Треба да се обрне внимание детето да нема алергија на пчелини производи. Ќе проверите така што ќе ставите мала количина на мед на телото на детето. Доколку се појави црвенило или оток, значи дека постои алергиска реакција, и во ваков случај, медените облози се контраиндицирани.

Исто така не се препорачува ако температурата на детето е погоелма од  37 степени.

9meseci.net

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *