Калинката се вбројува во најздравите овошја на земјата. Таа содржи мноштво корисни растителни супстанци кои не се содржат во значајни количини во останатите растенија. Многу студии покажале дека калинките имаат воодушевувачки ефект на нашето здравје и дека може да го намалат ризикот од појава на многу болести. Во продолжение прочитајте за десет здравствени придобивки од воведување на калинката во вашата исхрана.
10 здравствени придобивки од употреба на калинката
- Калинките се преполни со важни и корисни нутриенти како што се: влакната, витамин Ц, витамин К, фолна киселина, калиум, а содржат и мала количина на протеини.
- Ова овошје содржи соединенија со моќни медицински својства, т.е. содржи еден моќен антиоксидант (punicalagins), кој е три пати помоќен од антиоксидантите во зелениот чај и гроздовиот сок. Содржи и еден тип на конјугирана линолна киселина која има моќни биолошки ефекти.
- Има антивоспалителни ефекти и штити од хронични воспаленија, срцеви болести, дијабетес тип 2, дебелина, и се смета дека помага и при Алцхајмерова болест.
- Може да помогне во борбата против рак на простатата. Лабораториските студии покажале дека екстракт од калинка може да го успори растот на малигните клетки, и да индуцира смрт на малигните клетки.
- Може да помогне и во превенција и третман на рак на дојка каде што исто така го забавува растот на малигните клетки и може да предизвика нивна смрт.
- Во една студија било покажано значително намалување на високиот крвен притисок кај лица кои конзумирале по 150мл сок од калинка дневно во текот на две недели.
- Калинката може да ви помогне во борбата со артритис и болка во зглобовите. Ова се должи на антивоспалителните компоненти во калинката кои може да ги блокираат ензимите што ги оштетуваат зглобовите кај лицата со остеоартритис, но овие нешта досега се потврдени само кај глувците, а кај луѓето сеуште се испитуваат.
- Може да го намали ризикот од појава на срцеви болести со тоа што го намалува нивото на триглицериди и ЛДЛ холестерол во крвта.
- Одлична е во борбата со бактериски и габични инфекции, и може да ги намали воспаленијата кои се локализирани во усната празнина како што се гингивитис или периодонтитис.
- Може да ви ја подобри меморијата (а некои студии сугерираат дека може да помогне во заштитата од Алцхајмерова болест) и може да ви помогне да постигнете подобра физичка кондиција.
Автор: Нутриционист Маја Велковска