Во денешно време многу луѓе тррдат дека имаат визии и сништа, но како да се биде сигурен дека доаѓа од Бог? Кои се опасностите од толкувањата на сонот и визијата?
Соништа
Повеќето од нас веројатно слушнал како некој имал сон или „визија“, за која сметале дека е директна порака од Бог, и би можело да биде, но обидувајќи се да ги толкуваат, следува опасност, затоа што често соништата се случајни и доаѓаат во разни облици, па не можеме да бидеме сигурни дека се секога од Бог. Сигурно е да постои уште еден бог на овој свет, тој е измамник, секогаш сака да одиме спротивно од што го пишува во Светото Писмо.
Апостол Павле знаел дека непријателот настојива да го испреврти евангелието и запишал: „Ако пак е прикриено нашето Евангелие, покриено е за оние, кои загинуваат; за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји Лик. (2 Коринтјаните 4:3-4). Воозможно е и да некои виделе ангели, и да биле „ангели на светлината“, ние мораме да бидеме внимателни.
Визија
Библијата зборува за времето кога „По ова ќе го излеам духот Мојот Дух на секое тело, и вашите синови и ќерки ќе пророкуваат, вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите момчиња ќе гледаат виденија.“ (Јоил 3:1). Но, што значи „по ова“? Поради обновата на израелскиот народ на нивната ттериторија, а за тоа што денес не им успева, Бог кажува: „Ќе знаете дека Сум сред Израел“. (Јоил 2:7). Бог, сеуште не го излил својот дух на секое тело. Само погледнете ги вестите и ќе го видите тоа. Тој ден доаѓа, но ќе дојде по Второто Христово доаѓање, кога Израел повторно ќе се обнови и кога нациите ќе Го запознаат Бога во целина. После тоа, Јоил изрече пророштво на Израел во Јоил 3:1, но ова ќе биде кога ќе се оствари „ќе пкажам знаци на небото и на земјата, крв и оган и столбови дим.“ (Јоил :3).
Неколку божји слуги имале соништа и визии, па дури и некои неверници, како фараонот и кралот на Персија. Но, и во тие случаеви, не се толкувани од страна на Даниел или Јосиф, туку ги толкувал Бог и затоа им го кажал значењето. Во Библијата, никаде не се наоѓа дека некој сам си го толкувал сонот а да не му се појавил Бог и му дал објаснување. Дури и Даниел признава како „Тој открива длабочини и тајни“ (Даниел 2:22), дури и сонот кој го сонуваме.
Секогаш е мудро да побараме совет од Бог и да разговарате со верниците, ако мислите дека сте добиле порака од Бог. Бог е Бог, и може да се користи како би да се пренесе пораката, но мораем да бидеме сигурни дека нема да го толкуваме на погрешен начин, и против Неговата волја и евангелие. Не е вообичаен начин да Бог му зборува на својот народ. (Евреите 1:1-2).
Нов завет
Бог ја искористил визијата за Апостол Павле да сфати дека евангелието е наменето и за незнабошците, но ако прочитаме што се случило (Апостолски дела 10), се гледа дека тоа е од Бог, а не од човек, затоа што тој го слуша Божјиот глас – но тоа е единствен случај. Единствено било и тоа што ги повикува своите луѓе секој народ, држава и јазик. Пред тоа, Евреите не сакале да имаат никаква врска со незнабошците, но сега е дојдено времето на милоста, а не расната припадност. Сега нема ни Евреи ни незнабошци (Галатите 3:28-29), туку сите се едно во Христа. Бог искористил извонредна метода како да интервенира во животот на Петар и незнабошците (ние!), донел Радосна вест. Спасението е отворено за сите, кои веруваат без оглед на потекло. Веќе не станувало збор за националностите или расите, туку за милоста.
Верувам ли дека Бог може да нѝ испрати сон или визија за да ни каже/препорача нешто? Немам право да Го ограничувам Бог. Бог е Бог и може да прави како сака, но би рекол дека тоа не е нормална појава за верниците, иако соништата и визиите можат да донесат кон Христос.
Многу луѓе кои немаат пристап до Библијата или христијанската наука, сонувале за Исус, а интересно е кога се тие воглавно будисти и муслимани. А, уште поинтересно е дека се сигурни 100% дека се работи за Исус. Кога ќе ги праша како знаат, тие ми кажуваат: „Не можам тоа да го објаснам, но знам дека тоа е Исус.“ Уверен сум дека Бог и понатаму ги употребува соништата како би да допре до неверниците, но помалку за оние кои се веќе запознаени со Христос. На нашата страница имаме секција со податоци за контакт и често нѝ се јавуваат муслимани (како и припадници од друга рлигија), од целиот свет кои сакаат повеќе да нзаат за Исус, прашуваат да им се протолкуваа сонот, и зошто Тој ги потсетува? Тоа е добра шанса да им се прошири евангелието и да им се доближи Исус, кој не е само пророк и учител. Тој е Божји Син, Кој живеел безгрешен живот, починал со неправедна смрт и станал од мртвите. Но тоа не ги привлекува муслиманите, туку Неговата љубов и светлина за која кажуваат да „се премолчи од Него“.
Заклучок
Може ли Бог да ги употреби соништата и визиите? Како што кажав, Тој е Бог, јас не сум, и Бог ќе го прави она што е нужно како би да допре до оние кои не слушнале за Исус Христос, или како би испратил порака која на друг начин не би можела да стигне, или како би ја приблжил Библијата до неверниците. Можеби Исус ќе им дојде на сон или на визија, но да ми каже некој како му се појавил Исус и дека рекол да направи нешто спротивно од Божјото Слово, би кажал дека тоа не им е од Бог дадено, а ако не е од Бог, тогаш знаат од кој друг е ( Коринтјаните 4:3-4). Исус ќе направи се за како да ја здобие изгубената душа, и ништо нема да го спречи во тоа. Но, мораме да бидеме внимателни за соновите кои ги имаме. Присутно е демонско влијание кое со задоволство би не завлече од Божјиот Збор. Поистовете го своијот сон со евангелието, и ако е во склад со Неговиот Збор, може е од Бог таа порака, може би се обидува нешто да ви каже. Тој е Бог и неговата моќ е безгранична.
Превел:Катерина Стојкова
Извор: