РЕЦЕПТ:Кокос Бајадера!

Потребно е:
300 гр шеќер, 200 мл вода, 250 гр маргарин, 300 g мелени бисквити, 100 g кокос
глазура: 100 гр бело чоколадо, 3 л. зејтин

Подготовка:

Шеќерот и водата ставете ги во  тенџере и кога ќе зоврие гответе уште 3-4 минути. Додајте го маргаринот и мешајте да се растопи. Потоа додадете ги мелените бисквити и кокосот и сето тоа измешајте го добро. смесата ставете ја во плех обложен со фолија и оставете да се стегне. Ако сакате половина од оваа смеса можете д аја направите бомбици.

Стопете чоколадно на пареа со масло и прелијте ја бајадерата, па кога ќе с естегне, исечете ја на коцки. Бајадерата можете да ја прелиете со бел фондан направен од шеќер во прав и малку вода. Направете ја во помал калап.

Извор:Рецепте за све

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *