Што се случува со вашата ДНК, кога Светиот Дух ќе се спои со вашиот дух?

Разбирањето на новото создание е од суштинска важност за победничкиот христијански живот. Ако вие не знаете кои сте всушност, тогаш нема да можете да ја доживеете полнотата на изобилниот живот во Христа. Сме слушнале дека е проповедано откако постанавме христијани, „Вие сте ново создание! Старите работи поминаа, и се е ново настанато!“ Но, дали навистина го сфаќаме ова што значи? Кога доаѓаме при Христос, дали Бог прави од нас самите подобра верзија? Или се работи за нешто подлабоко?

Божествено спојување

                Неодамна, Бог ми даде визија за тоа што нас нѝ се случува во времето на спасението, и тоа радикално го смени начинот на кој јас се гледам себеси. Ја видов Марија во моментот кога Бог ја сретнува и ѝ кажува во Лука 1:31-35 дека ќе роди дете по име Христос. Ја видов ДНК-та на Марија и ДНК-та на Светиот Дух. Видов како се спојуваат и стануваат едно, создавајќи го Исус во нејзината утроба како цeлосен Бог и целосен човек. Потоа визијата се пренесе на мене. Се видов себе во моментот на спасението. Видов како Светиот Дух ме засенува и исполнува. Моето тело стана храм на Светиот Дух. Исто така ја видов мојата ДНК и ДНК на Светиот Дух, и видов како се спојуваат и стануваат едно. Го видов Светиот Дух како ја обвиткува мојата човечка ДНК, кога две ДНК  постануваат една, исто како кога ДНК-та на таткото и ДНК-та на мајката ќе се спојат за да создадат ново бебе. Изгледаше како двојна спирала. Додека Светиот Дух се обвиткуваше околу мојот човечки дух, тие се споија, постанувајќи едно и создавајќи ново создание. Спојувањето на Светиот Дух со мојот дух, се создаде Христос во мене!

Небесна ДНК – Божествена природа

                Во 1 Коринтјаните 6:17 пишува: „А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него.“  Ова откровение е постојано во Библијата! Настанав еден дух со Светиот Дух, и сега имам нова, света, божествена природа. Таа е Христос во мене, надеж на славата (Колосјаните 1:27, 1 Петрово 1:4). Божествената ДНК од Бог е соединета со мојот човечки дух, затоа што станав учесник во Божјата божествена природа! Навистина постанав потполно ново создание! Во моментот кога Светиот Дух стана едно со мојот дух, бев „одново роден“ и Христос се роди во мене. Станав многу повеќе од „подобра верзија од себе“. Станав сосема друг. Кога го прифаќате Христос како свој Спасител и кога Светиот Дух ќе влезе во вас, всушност Тој се спојува со вашиот дух. Постанувате едно со Бога! Неговата Божествена природа е внатре во вас. Вие сте потплно ново создание, со нови желби и нов живот. Вашиот идентите е променет од корен. Самата Христова природа и идентитет се целосно обликувани во вашиот дух. Тоа е славна промена! Затоа сте свети, праведни и чисти! Со сето свое срце ве охрабрувам да го посеете во вашиот ум и срце ова учење, како и да сфатите кои сте всушност! Еднаш кога ќе го сфатите тоа, ѓаволот никогаш нема да може да ве излаже и ќе живеете во сила, победа и слобода.

 

 

Превел: Катерина Стојкова

Извор: https://www.novizivot.net/2016/10/06/dnk-kada-se-duh-sveti-spoji-s-vasim-duhom/

 

One comment

  1. Да , тоа станува во секој ,кој го доживеал тоа . Многу добро илустративно опишано Само би додал , уште нешто ! Дека , тоа е еден процес , кој трае цел живот ,во ова тело ! Наследниот грев во секое тело , не мирува ! Како апостол Павле , што си кажува за себе : ” Борба внатре ” и ” борба од надвор “. Со нашата слободна воља , да застануваме на страната ,од Светиот Дух , во борбата ! Значи , постануваме ” нов човек ” , кој е во изградба , не е совршен !

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *