Приказна за најдобриот син!

Покрај еден бунар се собрале три жени. двете жени се натпреварувале во фалење на своите синови. Едната велеле дека нејзиниот син е најубавиот, најсилниот и најпаметниот син во селото. И втората жена не и останувала должна на првата жена, се фалела во поголема мера.

А третата жена си стоела и си молчела. Ја прашале првите две жени, зошто молчиш? Но синот ми е сосема обичен, нема ништо посебно во него. – рекла жената.

Селанките ги наполниле тешките кофи и си тргнале накај дома. Ги сретнале синовите.

Синот на првата се вртел со глава, одел на раце, фрлал тешки камења. Мајката с ерадувала гледајќи каков херој е.

Синот на втората застанал на патот, запеал како славеј, заиграл. Мајката гордо се насмевнувала на своето чедо.

Синот на третата мајка притрчал кон неа, ја земал кофата и ја однел дома.

Во тој момент покрај нив поминувал еден старец. двете жени се втурнале кон него и го замолиле  да оцени чиј син е најдобриот.А старецот рекол:

— Па каде се вашите синови, јас тука видов само еден. – и го посочил момчето кое тргнало со кофата на мајка си.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *