Здравствени придобивки од консумирање костени!

Костенот спаѓа во категоријата на јаткасти плодови, доста познато растение е кај нас, но за жал кратко време е присутен во продажба и не се употребува баш често во нашата исхрана. Како и сите други растенија така и костенот содржи одредени корисни материи кои на различни начини го одржуваат или го подобруваат нашето здравје. Костените се познат по неколку здравствени придобивки и тоа: ја подобруваат дигестијата, ги зајакнуваат коските, ви помагаат во превенција на дијабетес, го штитат кардиоваскуларното здравје, ви го подобруваат имуниот систем, и го намалуваат крвниот притисок. Костените исто така ја подобруваат меморијата и превенираат хронични болести.

Здравствени придобивки од консумирање костени:

Превенираат дијабетес

Диетните/растителните влакна имаат многу важна улога во регулација, превенција и менаџмент на дијабетес. Па така растенијата кои се богати со растителни влакна вообичаено се сметаат за храна со низок гликемиски индекс- што значи дека се овозможува побавен пораст на шеќерот во крвта. Ова спречува нагли растови и падови на крвниот шеќер- кои инаку можат да бидат опасни за лица со дијабетес, а често пати се и предвесници за дијабетес кај моментално незаболени лица.

Го зајакнуваат имуниот систем

Високата концентрација на витамин Ц и останати антиоксиданти во костените- ги прави идеална намирница за зајакнување на имуниот систем. Витаминот Ц ја поттикнува продукцијата на белите крвни клетки, а исто така делува и како антиоксидант- и ги неутрализира штетните слободни радикали.

Ја зголемуваат минералната густина на коските

Бакарот и магнезиумот се важни минерални за здравјето на коските- а не секој од нас е свесен за тоа. Бакарот е многу важен за правилна апсорпција на железото- што пак е важно за раст и развој на коските. Магнезиумот е исто така многу важен за зголемување на густината на коските- заедно со мноу други здравствени придобивки. Овие важни минерали кои се присутни и во костените може да превенираат болести поврзани со старост (како што е остеопорозата), или барем да го одложат почетокот на овие болести.

Ја подобруваат дгестијата

Костените содржат најмногу влакна од сите други јаткасти плодови што значи дека се доста корисни за дигестивниот систем. Растителните влакна помагаат во стимулирање на перисталтичките движења во цревата, ги регулираат движењата на дебелото црево и така превенираат инфламација и дискомфорт. Растителните влакна исто така помагаат во подобрување на апсорпцијата на одредени нутриенти.

Ја подобруваат мозочната функција

Мозочната функција и меморијата можат да се подобрат и со консумирање на костени. Како прво- костените се богати со витамини од Б групата- кои се директно поврзани со добар развој и функционирање на нервниот систем. Калиумот кој го има во костените може да го зголеми дотокот на крв до мозокот и така го поддржува здравјето на нервниот систем и ја зголемува концентрацијата и меморијата.

Можат да помогнат во контрола на крвниот притисок

Кога станува збор за намалување на крвниот притисок- постојат неколку минерални кои се особено важни. Таков е калиумот кој го контролира движењето на крвта и ја ослободува тензијата/притисокот на стеснетите крвни садови и артерии. Ова намалување на крвниот притисок може да го подобри целокупното кардиоваскуларно здравје и да го намали вашиот ризик од појава на срцеви удари и мозочни удари.

Го подобрува здравјето на срцето

Многумина мислат дека мастите се штетни и треба да се избегнуваат, но фактот е дека постојат “добри“ масти кои всушност се неопходни за правилно функционирање на нашиот организам. Овие добри масти се наоѓаат во големи концентрации во костените, и ви помагаат да го одржувате вашиот холестерол во нормала, ги намалуваат воспалителните процеси во вашиот организам, и го намалуваат ризикот од појава на атеросклероза и крвни згрутчувања кои може да настанат во нашето тело. Ова го намалува ризикот од мозочен удар, срцев удар и коронарна срцева болест.

Како и другите јаткасти плодови- и костените спаѓаат во високоалергена храна- така што доколку сте склони кон алергии внимавајте кога прв пат ќе ги внесувате во вашата исхрана. Ако пак немате алерија на костени тогаш слободно уживајте во нивниот вкус и почувствувајте ги здравствените придобивки од нивната консумација.

 

Автор: Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *