Бог дозволува да починат луѓето во младоста, затоа што тоа е во склад со Неговата волја. Што и да се случи, се случува со Божја дозвола. Во Ефесјаните 1:11 Бог кажува: „Кој прави се по советот на Својата волја,“. Ова не значи дека Бог предизвикал смрт кај младите луѓе. Но Негова е волјата да дозволи да умрат младите луѓе, како што Негова волја е и да дозволи да грешат луѓето.
Бог не сака да грешиме, но нѝ го дозволува тоа. Бог не сака луѓето да се борат против Него, но сепак го дозволува тоа. Зошто? Затоа што Негова волја е да им дозволи на луѓето да бидат бунтовни против себе. Кога би ги спречил да се борат, немало да има слобода на избор, слободна волја. Создадени сме по Божјиот лик (Битие 1:26), и секој од нас има одредени одговорности, а една од тие одговорности е да се соочиме со последиците од нашите избори. Никогаш не би можеле да се соочиме со последиците од нашите избори, ако Бог не дозволил да правиме работи кои се спротивни на Неговата совршена волја. Значи, Бог им дозволува на луѓето да се борат против Него, и Негова волја е да постапува така. Сега можеме појасно да разбереме зошто Бог дозволува младите луѓе да умрат. Гревот се појавил преку Адам (Римјаните 5:12). Тој се распространил на секаде, а последиците од гревот не се однесуваат само на душата, туку и на телото, како и на светот. Затоа постои грев, болест и природни катастрофи. Една од последиците на гревот е смртта, а последиците од гревот кај човекот се појавуваат во различни форми. За некои тоа може да биде предвремена смрт, за други тоа може да биде деформирана нога, слепило, ментална нестабилност и тн. Можеме да заклучиме дека Бог дозволува да умрат луѓето во младоста како една од последиците на гревот во светот.
Превел:
Катерина Стојкова
Извор> novizivot.net