Ти си мојата мама. Ти ме носеше во себе и ме чуваше девет месеци, пазеше што јадеш, како и колку дишеш, каде одиш, кого слушаш,на која страна спиеш. Растев во тебе.
Се трудеше, повеќе од кога и да е,да бидеш среќна и кога ти се плачеше, за да ја почувствувам и јас таа среќа. Трепереше секој пат кога докторот поминуваше со желатин на стомакот и трепереше кога на екранот го виде како чука моето срце.
Купуваше по продавници внимателно одбирајќи што ќе носам на денот кога ќе се сретнеме.Се навикна на своето ново големо тело. На забавените движења, на потешкото дишење, ме галеше и ми збореше…раката цело време ти беше на стомакот…
И ме донесе на овој свет, никогаш посилна, никогаш похрабра, убава, никогаш поубава, добра, најдобра, моја.
Те гледам денес. Повторно ги правиш истите работи. Се трудиш да бидеш најдобра, толку многу се трудиш што веќе гледам како согоруваш во таа желба. Влечеш сила од уморното тело како утре да не ми требаш. Ќе се измориш, ќе се скршиш, ќе се растажиш, бидејќи и самата ќе увидиш дека капнуваш…
Грубо се запоставуваш себе си, поради мене. Често се смееш со сила, а знам дека понекогаш би плачела скриена во некој агол. Го гледам тоа во твоите очи. Го чувствувам преку допирот, мене не можеш да ме измамиш.
Биди искрена со емоциите, бидејќи ако ги потиснуваш, ќе те прелеат како слаба брана во еден момент. И тогаш кој знае како ќе се сносиш со таков излив?
Оди на фризер, прошетај сама, купи си нешто, оди на аеробик… Тоа не значи дека си помалку пожртвуввна и дека не се грижиш за мене. Твојата среќа се пренесува на мене. Исто како и твоето незадоволство.
Трчаш дома, трчаш во продавница, од работа, на пазар… Толку многу носиш на грбот верувајќи дека “најдобро можеш сама“ и дека мораш се. А не мораш. Нема да исчезне светот, ниту твојата љубов кон мене. Ќе ни биде добро на сите, ќе ни биде најдобро.
И не мора да го правиш сето она што го прават другите мајки. Бидејќи другите мајки не се мојата мајка, тие родиле други деца, а ти ме роди мене. И тие други деца не се јас. И тоа што нив ги радува, може мене би ме растажило, тоа што тие го отфрлаат, јс би го зел/а.
Не ме воспитувај по книгите, воспитувај ме спрема своето срце. Спрема тоа што го слушаш во него.
Немој да бидеш тажна што ме возиш во позајмена количка, малку скршена, секогаш стигнувавме цели и на време. Немој да бидеш потиштена кога покрај тебе поминуваат мајки со величенствени колички. Ниедна количка, ни позајмена, ни нова, не можат да ја заменат удобноста на твоите раце и само тоа е вистина.
Немој да веруваш во приказни и совети што ќе ги слушаш. Верувај во мене. Во мојот сон, мојот апетит, мојата насмевка и плач. Мојот развој и движења. Тоа нека ти биде единствено мерило дали сум задоволно дете. Никој освен ти не може подобро да ги знае моите потреби, што сакам и што ми е потребно.
Немој да се споредуваш со мајките и нивните деца.
Немој да очајуваш ако кажувам само „мамо“, а другите деца веќе викаат „дај млеко“. Не ми го префрлај тоа. Немој да ме сакаш помалку поради тоа. Може си мислиш дека јас не ги разбирам се уште твоите зборови, но јас ги чувствувам. А тоа е полошо. Не сакам да се претворам во несигурно дете ако ме споредуваш со другите.
Немој на минувачите да им го оправдуваш мојот плач. Да им велиш „вади забиi“ кога ќе се побунам ако некој ми се внесува во лицето.
Немој да си мислиш дека си лоша што не си член на ниедна група “Мајки и бебиња”, бидејќи немаш време за дискусија во нив, бидејќи не си прикачила фотографија од некој мој суперхранлив оброк.
Немој да се нервираш што пет месеци не си ме однела на море. Ќе дојде време, морето нема никаде да истече.
Немој мерилата за тоа колку си добра мајка да ти бидат пореметени, бидејќи така и мене ќе ме научиш дека успехот е во некои луди и погрешни нешта. Немој да мислиш дека сум помалку среќно дете бидејќи го немам она што виде дека другите деца го имаат. МЕне не ми е потребен инстант, готов свет, јас својот свет сакам сам да го создавам, од ролни тоалет хартии, кутии, кеси…Научи ме да имам фантазија и да правам чуд аод ништо, ќе би биде поубаво и полесно во животот. Не ме сопнувај, само храбро следи ме.
Немој да се нервираш бидејќи немаш голема помош, што ти се чини дека сите се само дворски луѓе во помин кои само малку ме забавуваат, насмевнуваат, штипнат за образ и заминуваат. Тоа е добар филтер да знаеме кој е во твојот и мојот круг , а кој надвор од него. Немој да си поради тоа огорчена или бесна, бидејќи така ме учиш на горчина и бес.
Немој на другите да им завидуваш, бидејќи така ме учиш и мене на завист. НЕмој да бидеш несигурна, ќе ме направиш и мене несигурна. Потребна си ми силна и храбра, а не тажна и слаба. Не трпи многу работи поради мене, бидејќи на долги патеки тоа ќе те убие, тебе па и мене.
Може ќе си префлаш што немаш доволно пари за нов душек, голема соба, кола на батерии, кукла што пее, солена морска вода, свеж планински воздух, секој месец нови чевли, повеќе време, но единствено што јас ќе памтам е твојата љубов и сила. Не бројот на часови кои си ги поминала со мене, туку како си ги поминала.
Тоа е единственото што можам и сакам да го почувствувам, тебе насмеана, искрена и среќна, тебе отворена која ме скокоткаш на било каков душек во било каква соба. Без грижа на совест дека некаде си потфрлила.
Јована Кешански